Вест на денот: Еден од најдобрите на сите времиња повторно ќе скија, но за Холандија!

Освојувачот на осум последователни големи „кристални глобуси“ за триумф во Светскиот куп (СК) во алпско скијање (од 2012 до 2019-та) се враќа од пензија по пауза од пет години!

Еден од најдоминантните спортисти во историјата и според многумина најдобар скијач досега, Австриецот Марсел Хиршер повторно ќе се натпреварува во СК, на 36 години, но не за родната земја, туку за земјата од која е мајка му, Холандија!

– Жалиме за неговата одлука да настапува за Холандија, но на крајот сепак го поддржавме, велат од Австрискиот скијачки сојуз.

Според австриските медиуми, Хиршер веќе се фрлил на работа, а во текот на летото планира да тренира во Нов Зеланд за да биде во оптимална форма за стартот на следната сезона.

Хиршер победи на 67 трки во СК, а 138 пати се искачи на победничкиот подиум. На 35 години, тој нема да биде најстариот скијач во СК. Французинот Алексис Пинтуро и Американецот Томи Форд исто така имаат по 35, а Британецот Дејв Рајдинг 37 години.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО