Покетино по дебаклот од Арсенал: Челси беше „премек“, се предаде!

Маурисио Покетино по тешкиот пораз од Арсенал, 0:5 на стадионот „Емирати“ изјави дека неговиот Челси бил „премек“ и оти се предал.

По негативата од 0:1 на полувремето, „сините“ примија четири гола во катастрофалните 18-минути од вториот дел (од 52 до 70-та), и го доживеаја најтешкиот пораз во лондонското дерби од 1986 година.

– Не е тешко да се објасни. Сите видоа дека не игравме како што треба од почетокот на натпреварот. Откако го примивме голот тимот беше „многу мек“. Многу сум разочаран како почнавме бидејќи требаше да бидеме полни со енергија и подобро да играме. Не бевме воопшто агресивни и концентрирани во ситуации каде што лесно се наоѓаат решенија. Затоа сум толку разочаран, изјави Покетино.

Челси влезе во мечот по серијата од осум натпревари без пораз во Премиер лигата и со некакви шанса да се квалификува за Европа следната сезона. Но, по овој пораз, најголем сезонава, паднаа на деветтто место на табелата.

– Кога го примивме третиот гол, тимот се откажа. Беше тешко за нив. Можеби не бевме одморни. Но не е фер да се зборува за играчите кои ни недостигаат. Тимот покажа недостиг на капацитет да се спротивстави, тоа е проблемот, вели Покетино.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО