Скај Спортс: Винисиус сака да остане во Реал Мадрид

Бразилскиот напаѓач донесе одлука да остане во Реал Мадрид. Арсенал е заинтересиран за него, му нуди неделна плата од 400.000 фунти, но Винисиус не сака да го напушти Мадрид.

На новиот тренер на Реал, Жозе Мурињо, му е јасно дека Бразилецот е многу важен играч за тимот и поради тоа се потрудил да го убеди да остане во Мадрид, објави „Скај Спортс“.

Винисиус влезе во последната година од договорот со Реал, а двете страни во преговорите се во пат позиција веќе подолго време. Доколку информацијата на „Скај Спортс“ е точна, тоа значи дека Бразилецот наскоро ќе ја продолжи соработката со „кралскиот клуб“.

Според податоците од „Capology“, неофицијален извор на плати на фудбалерите, Винисиус заработува 25 милиони евра бруто годишно во Реал, без бонуси. Мбапе е најплатениот во клубот со 31,25 милиони евра.

Откако пристигна во Реал од Ботафого за 45 милиони евра во 2018 година, Винисиус има 375 настапи, 128 голови и 100 асистенции. Минатата сезона, во која Реал не го освои трофејот втора година по ред, бразилскиот фудбалер имаше 53 настапи, 22 гола и 14 асистенции.

„Трансфермаркт“, ја проценува неговата вредност на 140 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО