ПСЖ во Јамал гледа замена за Мбапе

ПСЖ летово најверојатно ќе остане без Килијан Мбапе кој би требало да замине во Реал Мадрид. Но богатите газди на парискиот клуб се надеваат дека ќе најдат достојна замена за својот најдобар играч во друг гигант од Ла лига.

„Ле Паризиен“ пишува дека ПСЖ во Ламине Јамал од Барселона гледа замена за Мбапе. Иако има само 16 години, младиот крилен напаѓач го освои фудбалскиот свет и не е чудо што ПСЖ покажува интересирање за него. „Марка“ на почетокот на март напиша дека Барселона веќе одбила понуда од 200 милиони евра за него.

Парижаните очигледно не беа обесхрабрени од ова, па подготвуваат нова понуда, но веројатно ќе треба да ги соборат сите рекорди за да го натераат клубот од „Камп Ноу“ да го смени ставот за продажба на најголемиот „скапоцен камен“ што го поседуваат.

Барселона има добра позиција во преговорите бидејќи Јамал има договор до 2026 година, па Каталонците имаат барем уште една година да преговараат за продолжување.

Според информациите од шпанскиот клуб, Јамал може да си замине само доколку некој клуб ја плати откупната клаузула во договорот, која изнесува дури една милијарда евра. Пред неко лку години ПСЖ на Барселона и и плати рекордни 222 милиони евра за Нејмар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО