(Видео) Планетата го доби најбрзиот белец во историјата

Австралискиот спринтер Лахлан Кенеди стана најбрзиот бел човек во историјата на атлетиката. Делницата од 100 метри ја истрча за 9,85 секунди.

dobivaj vesti na viber
Кенеди го постигна најголемиот успех во својата кариера освојувајќи сребрен медал на Игрите на Комонвелтот во Глазгов.

22-годишниот Австралиец имаше одличен почеток и беше во водство до 60-тиот метар, но во финишот беше престигнат од Камерунецот Емануел Есеми, кој победи со време од 9,83 секунди, што е и рекорд на Игрите.

Неговиот резултат претставува и најдобро време истрчано од бел спринтер, надминувајќи го претходниот рекорд на Американецот Сем Блашковски (9,89).

Неговите 9,85 секунди ќе беа доволни за петтото место во финалето на Олимписките игри во Париз, а со оовј резултат ќе ја освоеше и бронзата на минатогодишното Светско првенство.

„Мојата цел е секогаш да победувам, без разлика дали станува збор за Олимписките игри, Игрите на Комонвелтот или националното првенство. Не размислувам за моите ривали, само размислувам како ќе трчам“, рече Кенеди по финалето.

Австралиецот сега го насочува својот фокус кон трките на 200 метри и штафетата 4×100, каде што верува дека неговиот тим може да освои уште еден медал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО