Вардар во контролен меч го победи Врање, деби за Гојковиќ

Како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната, Вардар одигра контролен меч против Врање од Србија, што го добија „црвено-црните“ со 28-22 (15-15).

„Црвено-црните“ во најголем дел од средбата имаа водство, а решавачката предност беше направена во второто полувреме, кога го имаа и највисокото водство 24-18 во 42. минута.

И во првото полуврем водеа, со 10-6, но потоа противникот искористи грешки за да израмни, и да има незивесност до крајот на првите 30 минути.
За екипата на Вардар дебитираше и новото засилување Немања Гојковиќ.

Состав на Вардар: Томовски (8 одбрани), Гогов (5 одбрани), Богдановски (1 одбрана), Петриќ 6, Лазаревски, Јагуриновски 4, Мишевски, Ѓукиќ 4, Срдановиќ 3, Карапалевски 3, Николиќ, Родригез 1, Георгиевски 2, Аларов 2, Мело, Стојановски 1, Атанасовски, Ќосевски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО