Ракометарите на Е. Пелистер ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27.
Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона.
Во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските тестови
Дојдоа:
Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе
Заминаа:
Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Дејан Манасков
Пелистерци првата недела ќе работат во Битола, а потоа ќе заминат на базични подготовки во Словенија.