Чави: Тренер на Барса? Сурово е, вашата работа не е доволно ценета

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, првпат проговори откако објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Во пресрет на натпреварот со Осасуна во Примера, кој е закажан за в среда од 19 часот, Чави проговори зошто донел таква одлука.

-По мојата објава, мислам дека сега е време за единство. Ова не се лесни времиња и на навивачите на Барселона им треба единство. Навивачите не се виновни за нашите резултати. Ја ценам сета поддршка што ја добив по објавата. Реакцијата е спектакуларна. Истото и од соблекувалната, внимание, љубов, единство, сите сме со претседателот. Сезоната се уште не е завршена. Сакаме добро да ја завршиме“, рече Чави.

На крајот кажа и како е да се биде тренер на Барселона.

-Тоа е сурово и неблагодарно. Тоа прави да се чувствувате безвредно секој ден. Пеп Гвардиола веќе ми кажа, го видов и Луис Енрике како страда. Имаме проблем во однос на барањата. Не е пријатно, вие си го ризикувате животот секој час, сурово е“, призна Чави.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО