Вардар со подарок-дресови ги испрати Мишевски, Томовски, Ѓукиќ и Карапалевски

Пред денешниот последен натпревар од оваа сезона против екипата на Бутел, РК Вардар им се заблагодари на четворица ракометари кои си заминуваат од клубот ова лето. Станува збор за Марко Мишевски, Мартин Томовски, Дарко Ѓукиќ и Мартин Карапалевски, кои денеска добија и посебни подароци.

„Заминуваат од клубот, но секогаш ќе останат во нашите срца, и вратата секогаш ќе им биде отворена. Заедно минувавме и нив тешки времиња, и убави спомени ни остануваат. Во посакуваме многу успех во животот и кариерата. Еднаш вардарец – секогаш вардарец“, порачаа од РК Вардар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО