Е. Пелистер по осми пат стана шампион на Македонија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер по осми пат во клупската историја се шампиони на Македонија. Денеска во последното коло од плеј-офот во Суперлигата, битолчани пред своја публика славеа против Алкалоид со 32:28 и сами си го решија прашањето за титулата.

На „зелено-белите“ им беше потребна победа за да го задржат првото место на табелата и не дозволија Алкалоид уште еднаш да ги изненади, како во финалето на Купот во Скопје.

Вардар, пак, на дуелот со Бутел славеше со 31:25, но без разлика на победата на крајот мораше да се задоволи само со второто место на табелата.

Денеска се одиграа и плеј-аут дуелите од последното коло. Екипите на Прилеп и Куманово остварија победи со кои го потврдија опстанокот. Куманово како гостин го совлада Мулти Есенс со 29:27, додека Прилеп со 31.24 беше подобар од Е. Пелистер 2. Вториот тим на битолчани ќе мора да игра бараж за опстанок.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО