Вардар славеше во контролата против Пролет

Ракометарите на Вардар славеа со 25-21 на вториот дуел од двомечот со Пролет, како дел од подготовките за плејофот во домашниот шампионат.  „Црвено-црните“ стигнаа до уште една победа во подготвителниот период, најавувајќи дека се подготвени за борба за титулата откако во првата групна фаза завршија пред Е. Пелистер и во плејофот носат еден бод повеќе во однос на актуелниот шампион. На спротивната страна, избраниците на Александар Јовиќ покажаа далеку поголема борбеност и карактер во однос на последниот меч со Голден Арт, сосема солидно парираа, но не можеа да приредат изненадување против фаворитот.

Првите дваесетина минути од денешната контрола минаа во целосно израмнета игра, но Вардар успеа да се одлепи пред самиот крај на полувремето и на одмор да замине со предност од 13-10. Тинекс Пролет не се предаде, одигра квалитетно и во вториот дел, , но „црвено-црните“ рутински ја задржаа предноста до самиот крај, славејќи со конечни 25-21.

За потсетување, плеј-оф натпреварувањето ќе стартува наредниот викенд, Вардар на стартот го очекува дерби со Е. Пелистер, додека Тинекс Пролет во првото коло ќе се сретне со вицешампионот Алкалоид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО