Пред два дена се договори со Барселона, а сега потпишува за Тотенхем

Лукас Бергвал нема да ја продолжи кариерата во Барселона. Шведскиот фудбалер договорил се со каталонскиот клуб, но тогаш во борбата се вклучил и Тотенхем и 18-годишниот Бергвал решил да замине во Лондон.

Бергвал одигра 29 натпревари за Ѓургарден и шведскиот клуб за него треба да добие околу 10 милиони евра. Во јануари талентираниот играч за врска дебитираше за шведската репрезентација на пријателскиот натпревар против Естонија.

-Бергвал сакаше да игра за голем број од најголемите европски клубови, но на крајот остана да бира меѓу Барселона и Тотенхем. Тој го избра англискиот клуб. Во петок ќе ги помине медицинските прегледи, ќе потпише петгодишен договор и ќе му се приклучи на својот нов клуб во лето“, објави Sky Sports.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО