Вардар го врати Златко Таневски во клубата – му зададе одговорна функција

Екипата на ФК Вардар вчера одржа прес-конференција на која беше промовиран новио стручен штаб и се најавија подготовките кои стартуваат денес.

Притоа од клубот нешто подоцна објавија за заминување на двајца играчи, Жоглев и Вецевски, а активно е и денес во таборот на „црвено-црните“ од каде објавија:

-Ја известуваме спортската јавност дека Златко Таневски се враќа во фудбалскиот клуб Вардар, како нов координатор на младинската школа на клубот.

За Таневски ова е враќање во клубот и тоа на истата функција која ја извршуваше во 2022 година, кога беше дел и од стручниот штаб на сениорската екипа. Добро познат на фудбалската јавност, се работи за „дете’ на Вардар, каде ги има поминато сите младински категории, додека црвено-црниот дрес го носеше во два наврати, одигрувајќи 121 официјален натпревар, а со Вардар успеа да освои и четири трофеи, Шампиони на Р. Македонија.

За прв пат како тренер во Академијата на Вардар работеше во 2017 година, кога ја предводеше генерацијата 2009, за следната година да добие можност да работи и со кадетите.

Радува фактот што токму човек кој потекнува од нашата младинска школа, во иднина ќе биде и координатор на младинската академија на Вардар. Сигурни сме дека со неговото знаење, квалитет и ентузијаст, школата полека ќе се враќа на она препознатливо ниво кое не красеше во минатите години. На пролет не очекува борба за титулата со помладите пионери и младинците, Вардар секогаш бил на врвот во младинските натпреварувања, а желба и сон на секое дете е да игра за најголемиот македонски клуб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО