Уште едно изненадување во Мадрид: Падна Медведев, веднаш по првиот сет, Лехечка финалист

Рускиот тенисер Данил Медведев, го предаде мечот од полуфиналето на турнирот во Мадрид.

Тој по загубениот прв сет од Јиржи Лехечка, се одлучи за повлекување од мечот поради повреда, што е секако изненадувачки и неочекувано сценарио за неговите навивачи.

Моментално 31. на листата го искористи тоа што рускиот тенисер се пожали на проблеми со препоните, па дојде до брејк во првиот сет, а проблемите кај Медведев беа очигледни во неговата игра.

Медведев имаше можност и да продолжи, но дефинитивно ќе се мачеше, па реши да ги скрати маките и да го предаде мечот, со што Лехечка е директен патник во финалето, каде го очекува пресметка за трофеј против Феликс Оже Алијас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО