Од Париз потврдија: Нашиот играч оди на операција, го пропушта и ЕП!

Одбрамбениот фудбалер на ПСЖ, Лукас Ернандез, ќе биде опериран откако заработи тешка повреда на левото колено. Со тоа буквално во најава е негово отсуство од Европското првенство во Германија.

Ернандез за време на мечот против Дортмунд во ЛШ, ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено, што значи крај за него оваа сеона.

По прегледите кои биле извршени ден по натпреварот, потврдено е дека станува за кинење на лигамент и дека е потребна операција, која ќе се одработи во следните денови.

Европското првенство стартува на 14. јуни во Германија, а селекторот на Франција, Дидие Дешамп на 16. мај ќе го соопшти конечниот список на репрезентативци.

Ернандез одигра само осум инути на СП во Катар 2022 година, откако на првиот натпревар на турнирот против Австралија, ги скина исто предните вкрстени лигаменти, но тогаш на десното колено.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО