Арпад Штербик преживеал срцев удар

Поранешниот голман на ракометниот клуб Вардар, легендарниот Арпад Штербик, доживеал срцев удар. Тој во вторникот наутро пријавил дека се чувствува лошо и итно бил хоспитализиран.

Во клинички центар каде бил сместен, лекарската екипа која бдеела над него, констатирала дека станува збор за срцев удар, а истото го потврди и неговиот клуб Веспрем.

„Нашиот тренер на голманите не патуваше со тимот. Наутро се почувствувал лошо, отишол во болница и му бил дијагностициран срцев удар. Благодарение на реакцијата на докторите, неговата состојба веднаш била подобрена. Наскоро ќе ја напушти интензивната нега, му посакуваме што поскоро опоравување, порачаа од Веспрем.

Штербик низ кариерата бранеше за Беспрем Сиудад Реал, Атлетико, Барселона и Вардар, а со Југославија на своето конто има бронзен медал во Египет 1999 а подоцна во кариерата бранеше и за Шпанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО