Унгарија ќе биде домаќин на финале во ЛШ

Уефа ги определи домаќините на финалните мечеви во европските купови во 2026 и 2027 година. Стадионот – „Пушкаш Арена“ во Будимпешта ќе домаќин на финалето на ЛИгата на шампионите во 2026 додека стадинот во Милано засега е само евидентиран како можен домаќин во 2027-ма бидејќи Интер и Милан најавија дека планираат да изградат нов стадион.

УЕФА наведе дека финалето на Лига Европа во 2026 година ќе се одигра на стадионот на Бешикташ во Истанбул а во наредната година во Франкфурт (Германија). Финалето на Конференциската лига во 2026 година ќе се игра во Лајпциг (Германија) а во 2027 година на стадионот на Бешикташ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО