Готово e, почнува нова ера, Милан има нов тренер!

Избран e Пауло Фонсека, Милан го носи Португалецот наместо Стефано Пиоли.

Преговорите беа долги, во клубот се споменуваа различни имиња од Марко ван Бомел и Хулен Лопетеги, на крајот Фонсека стана прво и единствено решение.

Ќе си замине од Лил со кој во последното коло од Лига 1 не успеа да стигне до третото место и директен пласман во Лигата на шампионите.

Фонсека има 51 година, неговиот прв голем клуб беше Порто, каде што не се прослави во сезоната 2013/14, подоцна ги водеше Пашош Фереира, Брага, Шахтјор, потоа Рома две сезони пред да пристигне во Лил во летото 2022 година.

Секако, најмногу трофеи освои со Шахтјор, со кој три пати беше шампион, освои три Купа, а го освои и Купот на Португалија со Брага и Суперкупот со Порто.

Фонсека ќе добие тригодишен договор и целосна доверба за изградба на нов проект на „Сан Сиро“.

Милан следната сезона ќе се натпреварува и во Лигата на шампионите, а ќе мора да биде поконкурентен со шампионот Интер, па на Фонсека му претстои тешка работа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО