Украина не се пласира во нокаут фазата. Селекторот си заминува

По елиминацијата од Европското првенство (ЕП) Украина остана без селекторот, Сергеј Ребров, кој си замина од кормилото. По вчершаниот меч со Белгија (0:0) тој се простил од фудбалерите.

– Им се заблагодарив и им реков дека не се пласиравме во следната фаза поради поразот од Романците (0:3). Ги видов играчите, немаа емоции. Имаме многу млад тим, гледам убава перспектива во иднина, изјави Ребров.

Украинците имаа идентичен број бодови со другите селекции во групата, по четири, но на крајот го освоија последното место, зад Романија, Белгија и Словачка, бидејќи имаа најслаба гол разлика.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО