Сањол: Горд сум на играчите, ги надминавме очекувањата

Репрезентацијата на Грузија со вчерашната победа против Португалија (2:0) направи голема сензација и се пласира меѓу 16-те најдобри на континеталниот собир во Германија.

Грузискиот селектор, Французинот Вили Сањол, открива дека не се сеќава што им кажал на фудбалерите пред натпреварот.

– Тие беа фантастични и ги надминаа очекувањата. Јас сум многу горд на играчите и на имиџот на Грузија, изјави Сањол на официјалната интернет страница на УЕФА.

Грузија која дебитира на ЕП, во наредната фаза, во осминафиналето ќе игра против големиот фаворит, трикратниот европски првак, Шпанија, на 30 јуни.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО