УЕФА одлучи: Репрезентациите на ЕП 2024 ќе имаат по 26 играчи

На состанокот на комитет за натпревари на Европската фудбалска унија (УЕФА) позитивно се гласаше за предлогот репрезентациите на земјите-учеснички на Европското првенство (ЕП летово во Германија да имаат по 26 играчи. Ова формално треба да го ратификува Извршниот комитет (ИК) на УЕФА до крајот на неделава.

УЕФА планираше тимовите да бројат по 23 играчи на ЕП 2024-та, откако дозволи проширување за тројца играчи на ЕП 2020, поради пандемијата на ковид-19. Повеќе играчи (26) беа дозволени и на Светското првенство (СП) во Катар 2022 година, бидејќи се играше во средината од домашната сезона.

Неколкумина селектори беа критички настроени кон составите од 23 играчи, а предлогот да се остане на 26 играчи се појави на неодамнешниот состанок на селекторите на земјите што ќе настапат на ЕП, каде што идејата доби широка поддршка.

Роналд Куман, селекторот на Холандија, одлуката на УЕФА за намалување на бројот на играчи во тимовите за финалниот турнир летово ја опиша како „апсурдна“. Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, првично беше за состав од 23 играчи поради тешкотиите во справувањето со повеќето фудбалери. Но и тој го промени своето мислење по големиот број повреди во Премиер лигата сезонава.

Крајниот рок за пријавување на составите е 7 јуни. ЕП почнува на 14 јуни и ќе трае до 14 јули.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО