Одбојкарите на Струмица се блиску до нова титула

Струмица 47&72 го совлада Штип УГД со 3:1 (25:18, 15:25, 25:17, 25:15) во третиот натпревар од финалната серија за шампионската титула во првенство на Македонија во одбојка, и поведе со 2:1 (се игра до три победи).

Бранителот на титулата, во салата „Парк“  во Струмица, не дозволи изненадување, ја задржа предноста на домашниот терен и е на чекор до 11-от шампионски пехар, 10-ти од 2012-та па досега.

Конор Хенкс забележа 18, Саад Омхени 16, а Учена Офоха девет поени за струмичкиот тим. Во тимот на Штип УГД, Махди Задмард со 15, Махди Абхар со 11 и Стефан Алексов со 10 поени не успеаја да го спречат петтиот пораз во седмиот натпревар меѓу двата тима сезонава.

Следниот, четврти натпревар, ќе се игра в четврток во Штип. Доколку Струмица 47&72 триумфира ќе слави нова титула, а во случај на победа на штипјани, тогаш ќе следува „мајсторка“ кај актуелниот првак, во Струмица, во недела.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО