Турците незадоволни: УЕФА со двојни аршини при казнувањето

Англискиот играч од средниот ред, Џуд Белингам казнет е од УЕФА со 30.000 евра и суспендиран на еден натпревар поради непристоjниот гест што го направи откако постигна гол против репрезентацијата на Словачка.

Суспензијата е условна, во период од една година, што значи дека тој ќе може да продолжи со настапите на ЕП.

Турците се незадоволни од различниот критериум за казните што ги изрекува УЕФА и реагираше на таквата одлука за условната казна за Белингем.

– УЕФА ја разгледуваше ситуацијата со Белингем пет дена пред да донесе одлука. Жалбата на Турската фудбалска федерација и Мерих Демирал беше испратена утрово, се разгледуваше три часа и беше одбиена!“, напиша турскиот новинар Сабунџуоглу на социјалната мрежа Х.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО