Манчестер Јунајтед ризикува да ги прекрши финансиските правила во Премиер лигата откако пријави нето загуба од 71,4 милиони фунти за кварталот кој заврши на 31 март 2024 година.
Финансиските правила на Премиер лигата им дозволуваат на клубовите да имаат финансиски загуби од 105 милиони фунти во период од три години, во просек од 35 милиони фунти годишно а 90 милиони фунти да бидат покриени со финансирање од сопствениците.
Без такво финансирање, дозволената загуба во текот на три години е 15 милиони фунти. Јунајтед се надева дека средствата од испраќањето на Џејдон Санчо на позајмица во Борусија Дортмунд ќе бидат доволни за да се избегне прекршување на правилата.