Полска освои уште еден трофеј на машката одбојкарска сцена откако селекцијата предводена од Никола Грбиќ славеше во финалето на Светската лига, над репрезентацијата на САД со 3-2 во сетови.
Полска го доби првиот сет, но Американците возвратија и набрзина стигнаа до предност од 1-2 во сетови.
Четвртиот сет беше максимално израмнет, но Полска сепак успеа да го добие со 25-23, за тајбрејкот да мине во целосна доминација на Полјаците кои со неколку блокови се одлепија резултатски, за на крајот да слават со конечните 15-10, за огромна радост и трет златен медал за Полска во ова натпреварување.
Бронзата им припадна на одбојкарите на Словенија, кои во малото финале триумфираа над Јапонија со 3-1 во сетови.