Македонските ракометни кадети добија нова група на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 18 години ја заврши групната фаза на ЕП со три порази.

Избраниците на Горан Кузманоски играа во група со Франција, Словенија и Шведска

Сега кадетите продолжуваат во разигрувањето за пласман. Македонија ќе игра во првата група на овој дел од турнирот, а ќе одигра две пресметки против селекциите на Италија (понеделник, 14:30 часот) и против Турција (вторник, 12:00 часот).

Во оваа група е и Шведска против која веќе игравме. Најдоброрангираната селекција оди во разигрувањето за пласман од деветтата до шеснаесеттата позиција каде што ќе вкрстат со елиминираните од главната фаза.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО