Тренерот на Интер Мајами објасни зошто Меси не играл против Монтреал

Тренерот на Интер Мајами, Тата Мартино објасни зошто напаѓачот и капитен, Лионел Меси го пропуштил натпреварот со Монтреал (2:3), од регуларниот дел од сезоната во американската МЛС лига.

– Пред околу една недела се договоривме Меси да го пропушти овој натпревар и да се одмори, изјави Мартино за прес-службата на МЛС.

Мартино додаде дека планот бил Меси да го пропушти натпреварот со Монтреал, дури и пред да постигне гол и полесно се повреди на натпреварот минатиот четврток против Нешвил (2:2).

Интер Мајами го претрпе првиот пораз сезонава. Фернандо Алварез, Матиас Кокаро и Ибрахим Сунуси погодија за победничката екипа, а Леонардо Кампања и Жорди Алба за Интер Мајами.

Во почетиот состав на Интер, покрај аргентинскиот напаѓач, Меси, го немаше ниту Уругваецот Луис Суарез кој мечот го почна од клупата за резерви и влезе во игра во 77 минута.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО