Лазаров денеска прозива за двомечот со Романија

Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе го има првиот собир по настапот на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Избраниците на селекторот Кире Лазаров во петок и во сабота ќе одиграат два пријателски натпревара против Романија, во градот Браила. Натпреварите против Романија се дел од подготовките за бараж двомечот со Фарски Острови за пласман на Светското првенство (СП).

На списокот на Лазаров има 21 ракометар, но тој не ќе може да смета на најмалку тројца од планираните. Повредени се Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриновски, кои ќе ги пропуштат контролките. Останува да се види дали Лазаров ќе повика дополнително некој нов играч на нивните места.

Собирот е закажан за денеска во 16 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО