Де Роси смирува: Дибала не е повреден, беше уморен

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси објасни зошто го извади од игра напаѓачот Пауло Дибала на натпреварот против Фиорентина (2:2) од 28. коло во Серија А. Аргентинецот го напушти теренот во 73 минута, при резултат 1:2.

– Тој одигра одличен натпревар, се врати за да помогне во градењето на играта. Го сменивме затоа што се чувствуваше уморен. Мислам дека нема никаква повреда, изјави Де Роси по натпреварот.

Рома е петта во Серија А, со 48, а Фиорентина осма со 43 бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО