„Топчиите“ пукаа жестоко кон Њукасл

Арсенал успеа да забележи рутинска победа против Њукасл на „Емирати“, иако на оваа средба се очекуваше и поголем отпор од гостинската екипа.

На полувреме Арсенал водеше веќе со 2:0, а тоа на крајот излезе една уверлива победа од 4:1 и со тоа ја продолжија позитивната серија во првенството.

Се почна од автоголот на Ботман во 18. минута со кој всушност „топчиите“ поведоа. Само неколку минути подоцна Каи Хаверц му носи двојна предност на Арсенал.

Победата беше потврдена во вториот дел, со головите на Сака во 65. и Кивиор во 69.минута.

Со овој триумф Арсенал дојде до 58 бодови и се зацврсти на третата позиција, повторно на минус еден бод од второпласираниот Сити и минус два во однос на лидерот Ливерпул, што навестува неизвесна битка во финишот од сезоната.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО