Агуеро има голема вест за објава: Можно е, големи се шансите..

Серхио Кун Агуеро пред три години, мораше изненадно да ја прекине играчката кариера поради проблеми со срцето, но сепак постоела можност тој повторно да се врати на терените.

Аргентинецот со задоволство ги извести фановите дека добил порака од својот доктор која ветува многу и дека здравствената состојба далеку му се подобрила.

– Како што напредуваат работите, нема да имаш проблеми да играш фудбал во некој момент. Логично, ќе мора да направиме тестови и да се испроба твоето трчање, како да е фудбалски натпревар.

– Се разбира кога имаш двајца дефанзивци крај тебе, ќе мора да изведуваш и трикови и разни други работи, мораш добро да се подготвиш, би рекол, има надеж, биди подготвен. Можно, доста е веројатно дека можеш да заиграш пак фудбал, му порачал докторот на Серхио Агуеро.

Агуеро во јуни ќе наполни 36 години, а неговиот последен ангажман беше во Барселона, за која одигра само четири официјални натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО