Терористичкиот напад во Москва го одложи натпреварот на руската репрезентација

За понеделник во Москва беше закажан пријателскиот дуел меѓу Русија и Парагвај, но натпреварот нема да се игра поради вчерашниот терористички напад што се случи во овој град.

Откажани се сите масовни собири во следните денови од страв да не се повтори нешто слично, а Русија ќе мора да почека до јуни на нов меч, по триумфот против Србија со 4-0.

– Фудбалскиот сојуз на Русија, заедно со целата земја, ги оплакува загинатите во страшниот терористички напад. Уште еднаш сакам да изразам искрено сочувство со семејствата на жртвите на оваа трагедија. Во оваа ситуација, заедно со колегите од Парагвај одлучивме да не го играме натпреварот меѓу нашите репрезентации и него ќе го организираме дополнително, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Русија, Александар Дјуков.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО