Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, зборуваше на различни теми пред дерби пресметката од 37. коло меѓу „црвените ѓаволи“ и Арсенал.
Самиот тренер беше прашан за улогата на Деклан Рајс, како и за отсутните од тимот од Манчестер.
„Мејсон Маунт има уште една повреда и нема да биде достапен за дуелот со Арсенал. Лук Шоу исто така има проблем со повреда и ќе биде надвор од теренот. Лисандро Мартинез е очаен да игра, но рано е со Арсенал. Никогаш нема да се обложувам на кондиција. Се работи за нивната иднина и тоа е најважната работа и јас треба да ја преземам одговорноста за тоа. Деклан Рајс е многу добар играч и совршено би се вклопил во Манчестер Јунајтед“ изјави Тен хаг.
Манчестер Јунајтед го пречекува Арсенал во недела од 17.30 часот, а натпреварот е многу важен за двата тима.