Сериозен удар за судијата кој направи голема грешка на мечот Реал – Баерн

Полскиот судија Шимон Марчињак ќе биде санкциониран од УЕФА за киксот на крајот од полуфиналниот реванш помеѓу Реал Мадрид и Баерн. Тогаш полскиот судија ја прекина играта при постигнувањето гол на Баварците поради сигнал за офсајд од страничниот судија, а не како што се бара да се чекаат репризи и ВАР прегледување.

УЕФА планира на полскиот судија да не му ги додели клучните натпревари на Европското првенство, пишуваат полските медиуми.
Гафот на „Сантијаго Бернабеу“ не е првиот што го направи тимот на Марчињак во Лигата на шампионите оваа сезона, забележува „Билд“.

Есента, во последното коло од групната фаза, во петтата минута од судиското надополнување досуди пенал за ПСЖ на домашниот натпревар против Њукасл. Топката удри во стомакот на Ливраменто, а потоа му одби во раката. Килијан Мбапе погоди од пенал за 1:1. Така ПСЖ се пласираше во осминафиналето, а Милан беше елиминиран.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО