Матс Хумелс е играч на неделата во Лигата на шампионоте

Централниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс е прогласен за најдобар играч на неделата во Лигата на шампионите. Ова го пренесува официјалниот сајт на УЕФА.

Во полуфиналниот реванш со ПСЖ (0:1), германскиот фудбалер го постигна победничкиот гол, а забележа и пет добиени дуели и шест одземања на топка.

Единствен конкурент му беше крилото на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, кој имаше асистенција во реваншот од полуфиналето со Баерн (2:1). Покрај тоа, бразилскиот фудбалер пет пати шутираше кон голот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО