Уругвајскиот фудбалер, Луис Суарез потпиша нов договор со челниците на Интер Мајами, соопшти американскиот клуб. Како што беше најавено, 37-годишниот напаѓач потпиша договор до крајот на 2025 година.
Суарез дојде во Интер на почетокот од 2024 година, за кој постигна 25 гола на 37 натпревари во сите натпреварувања. Во МЛС лигата тој постигна 20 гола, три помалку од најдобриот стрелец, Кристијан Бентеке. Тој забележа и 10 асистенции.