Денеска почнува ЕП за жени. Македонија против фаворитот Шведска на отворањето

Денеска почнува 16-то Европско првенство (ЕП) во ракомет за жени. Домаќини за прв пат ќе бидат Швајцарија (Базел, Сент Јакобс хале 12.400 гледачи), Австрија (Виена, Винер штадхале 12.000 и Инсбрук, Олимпија хале 8.000 гледачи), додека по трет пат ЕП ќе се игра во Унгарија (Дебрецин, Фоникс срена 6.500 гледачи).

Унгарија самостојно го организираше ЕП во 2004 година, заедно со Хрватска во 2014 година, а сега тоа го прави заедно со Австрија и Швајцарија.

Титулата од пред две години освоена во Љубљана ќе ја брани Норвешка, Данска тогаш го освои среброто, а Црна Гора бронза.

На претходните 15 ЕП пет репрезентации ги освоија титулите. Норвешка дури девет пати, Данска трипати, Франција, Унгарија и Црна Гора по еднаш.

Норвешка и Франција се двете најдобри светски репрезентации во последниве години, веднаш зад нив се Данска и Шведска, потоа Холандија и Унгарија која постојано се подобрува.

Македонија ќе биде дел од ова ЕП, ќе игра во групата А, заедно со Унгарија, Шведска и Турција. Натпреварите ќе се играат во Дебрецен, Унгарија.

Распоред на натпреварите:

Шведска – Македонија, денеска (20.30 часот)

Македонија – Турција, 30 ноември (20.30)

Македонија – Унгарија, 2 декември (18)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО