Стојковиќ од јануари нема да биде селектор на Србија. Го менува Сари?

Српските медиуми денеска објавија дека селекторот Драган Стојковиќ Писки повторно има милионски понуди од неколку страни со навестување дека новата функција би можел да ја превземе од почетокот на 2025 година!

– Точно е, но не би сакал да зборувам на оваа тема во овој момент, кратко изјави Стојковиќ.

Конкретно, Стојковиќ би седнал на клупата на Јужна Кореја, па и на Австралија! Се наведува дека постоело интересирање за него и од повеќе клубови, меѓу кои и екипа од Саудиска Арабија.

Договорот на Стојковиќ со ФС на Србија е во сила уште повеќе од една година, но  и покрај тоа можно е договорно тој да си замине.

Како прва опција за наследник на Пикси, се спомнува Италијанецот, Мауриуцио Сари кој во текот на кариерата беше тренер на Наполи, Челси, Јувентус, Лацио и на Емполи.

Неговата биографија е позната и импозантна, ги има освоени Лига Европа со Челси и Серија А со Јувентус, но досега немал искуство со селекторска работа.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО