Велшанецот Стив Купер ќе биде новиот менаџер на англискиот Премиерлигаш, Лестер, објави клубот на официјалната интернет страница.
– Стив е тренер со искуство во Премиер лигата, со Нотингем форест, каде што работеше меѓу 2021 и 2023 година. Тој стекна одлична репутација поради лидерските квалитети, велат од клубот.
Во првата изјава како менаџер на Лестер, Купер рече дека е презадоволен и горд што седнува на клупата на „лисиците“.
– Ова е фантастичен клуб со богата историја и со страствени навивачи. Среќен сум што ќе работам со таков талентиран тим и со нетрпение очекувам да ги оствариме нашите заеднички амбиции во Премиер лигата, истакна Купер.