Само неколку часа од доаѓањето на Ифе Лундберг, Партизан обезбеди уште едно големо засилување. Во Белград доаѓа Французинот Френк Нтиликина, поранешен НБА кошаркар! Според неофицијалните информации тој потпишал договор на две години.
Нтиликина во текот на кариерата играше за францускиот Стразбур од каде што замина во НБА лигата, откако беше избран за осми пик на драфтот во 2017 година. Тој мина четири години во Никс, потоа две сезони во Далас и една година во Шарлот, каде што имаше проблеми со повреди.
Тој е роден во Изел, Белгија, на 28 јули 1998 година и може да ги покрие позициите еден и два (висок е 1,93 метри). Со Франција освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио, бронза во Кина на Светското првенство и две злата со младинските селекции, 2016 година во Турција и 2014 година во Летонија.
Станува збор за кошаркар со многу добри атлетски способности, кој сигурно добро ќе му користи на Жељко Обрадовиќ.