„Старата дама“ остана без двајца првотимци

Двајца играчи од средниот ред на Јувентус се повредија на викенд – мечот против Фросиноне кој беше реализиран во тековното коло во италиајнскиот фудбалски шампионат.

Французинот, Адриен Рабиот, беше заменет уште во првиот дел додека Вестон Мекени пред крајот на мечот мораше да се повлече од теренот.

Фудбалерот го измести левото рамо додека се бореше со противничкиот фудбалер по што беше заменет во 87. минута. Рабиот во сезонава има одиграно 22 натпревари во Серија А и постигнато 4 голови. Мекени пак, има 25 натпревари во италијанското првенство и 5 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО