Клоп: Кој ќе може, тој ќе игра

Фудбалерите на Ливерпул во текот на викендот го освоија пехарот во Лига Купот а веќе в среда ги очекува и наредната рунда од ФА Купот ма Англија.

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, се осврна на тешкиот распоред за неговите фудбалери и играњето на секои три дена. Тие се во конкуренција за дури четири пехари – три во домашни рамките и еден во Лигата на шампионите.

-Никој во Англија не сака да го види победникот на четворката ( 4 пехари во една сезона), затоа третата рунда од ФА Купот е закажана по само три дена од исцрпувачкото финале на Лига купот. Допрва ќе видиме со кој состав ќе излеземе в среда против Саутемптон, – потенцираше Германецот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО