Челси успеа да го демонтира комплетно Евертон вечерва на „Стемфорд Бриџ“ во рамки на 33. коло во Премиерлигата, каде победија со убедливи 6:0.
На овој натпревар, Кол Палмер, постигна еден од најбрзите хет трикови во историјата на Премиерлигата, за севкупно 16 минути, односно во интервалот од 13. до 29. минута, што го прави овој играч уште поголем во дресот на Челси.
Останатите два гола ги постигнаа Џексон, Глихрист и повторно Палмер, кој дефинитивно и апсолутно е херој на „сините“ на оваа средба. Но при петтиот погодок кој го постигна Палмер од пенал, имаше една интересна ситуација.
Имено, дел од неговите соиграчи, одбија да му дадат тој да шутира и тоа беше исвиркано од публиката, а Палмер повторно успеа да им ја земе топката и да го шутне пеналот успешно.
Мадуке и Џексон беа најревносни, односно решени до крај да не му дозволат да шутира пенал, но Палмер успеа во тој обид и постигна четврти гол на оваа средба.
Someone needs a serious word with Madueke and Jackson…
Embarrassing behaviour! 🫣 pic.twitter.com/YcePVpH4Eq
— EPL Bible (@EPLBible) April 15, 2024