Спречен поголем инцидент пред мечот Холандија – Полска: Застрелано лице со секира во раце

Полицијата во Хамбург пукала кон маж кој со себе носел молотов коктел и секира во близина на навивачка зона во Сент Паули, меѓутоа овој инцидент, засега се уште не се поврзува со ЕП во Германија.

Некои медиуми веќе јавија дека целта на напаѓачот бил да усмрти повеќе лица навивачи, а други медиуми најави дека човекот бил насочен кон толпата навивачи со цел што повеќе од нив да усмрти со ладното оружје.

Полицијата која била блиску до местото на случувањата, добила пријава од еден навивач дека човек со секира се движи по улицата и веднаш реагираше.

Прво фрлиле солзавец и испукале неколку куршуми кон напаѓачот, кој веднаш потоа бил неутрализиран и уапсен.

Сето ова се случувало на два часа пред мечот Холандија – Полска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Správce3 (@hooligans_cz)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО