Рафаел Надал е пред својот крај, тој наскоро ќе објави пензионирање од активното играње тенис. Тој е апсолутен владетел во Париз, а годинава помина катастрофално.
Беше поразен уште на почетокот од турнирот, со што само даде слика на тоа каква е неговата ситуација со повредите.
– Се беше наопаку во Париз. Уште на почетокот играв со Зверев, кој дојде до финалето, немав среќа, тој е добар тенисер. За да го победев, тој мораше да игра послабо, а тој е во одлична форма. Од дстрана, не можев да ги искористам своите шанси за време на мечот.
– Турнирот во Париз помина катастрофално за мене, но последните недели ситуацијата се поправува за мене и сакам да напредувам. Сакав да си дадам шанса во Париз, да видам до каде можам да одам.Сакам да видам како се чувствувам, па по Олимписките игри ќе одлучам што понатаму. Долго зборува дека ова може да биде мојата последна година за мене, никој не знае што ќе се случува во иднина, порача Надал.
Тој ќе остане апсолутен владетел во Париз со 14 освоени титули.