Шпанија ја совлада репрезентацијата на Хрватска со 3:0 во првото коло од групата Б на ЕП.
Сепак, во фокус беше Ламин Јамал, талентираниот фудбалер, кој допрва за еден месец ќе ја наполни својата 17 година. Тој стана најмладиот играч некогаш кој настапувал на ЕП, а од 1960 година наваму, нема помлад фудбалер кој забележал асистенција на континенталното натпреварување.
Екс шпанскиот репрезентативец, Фернандо Љоренте, го пофали талентираниот фудбалер.
– Дури ни Меси не бил некогаш на такво ниво на тие години. Ламин Јамал прави работи кои се неверојатни за неговите години. Не можете да го споредувате со никој, тој е извонреден, порача Љоренте.
Прилично е јасно дека младиот играч на Барселона ќе биде голема ѕвезда во најава и големите екипи буквално ќе се тепаат за неговиот потпис.