Барселона официјално ќе го претстави Карим Адејеми како свое второ летно засилување.
Информацијата за шпанските медиуми ја потврди претседателот на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта.
Германскиот репрезентативец ќе биде второто ново име во тимот на Ханси Флик за сезоната 2026/27, по доаѓањето на Ентони Гордон.
Иако договорот меѓу Барселона и Адејеми беше постигнат уште минатата недела, клубот досега не го официјализираше трансферот.
Адејеми ќе потпише петгодишен договор, додека Барселона на Борусија Дортмунд ќе ѝ исплати 22 милиони евра, плус дополнителни седум милиони преку бонуси.