Синер свесен дека уште не треба да се споредува со Новак Ѓоковиќ: За некои работи, прерано е

Многумина гледаат во Јаник Синер некој нов Новак Ѓоковиќ, но самиот италијански тенисер признава дека за таков епитет, тој мора уште многу да работи.

Од претходните четири дуели со Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер успеа да добие само три, меѓутоа, не влегува премногу во филм дека се уште е на неговото ниво.

– Не е баш лесно да се одговори на ова прашање. Секогаш се фокусираме на сегашноста и тоа е понекогаш добро, но не секогаш. Мислам дека се уште не можам да се споредувам со Новак Ѓоковиќ, затоа што тој има сериозна оставштина. Баш како и Карлос Алкараз, ние сме се уште пресни во ова, така да не смееме да се поредуваме. Сакам само да играм добар тенис и да бидам во ситуација да напредувам, па да видам колку можам да постигнам порача Синер.

Тој исто така порача дека оваа сезона главната цел му е медал на Олимписките игри во Париз.

– Се разбира, фокусот е на ОИ и освојување медал таму. Не можев да играм претходните Олимписки игри и сега сум среќен што ќе бидам дел од едно такво натпреварување. Ќе видам како тренираат, пред тоа ќе играм во Рим, добро е да фатам залет. Знам дека сум во ситуација да напредувам и морам тоа да го направам ако сакам да победувам во иднина, порача Синер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО