Синер и Алкараз предизвикаа делириум на трибини: Што успеа овој човек да врати – НЕСТВАРНО!

Карлос Алкараз по пресвртот од 1:6, 6:3, 6:2, го сруши Јаник Синер и се пласира во големото финале на турнирот Индијан Велс.

Тој ќе ја брани титулата откако имаше фантастичен натпревар, кој дефинитивно му ја подигна самодовербата, а таму ќе го чека дуел против Данил Медведев.

Многумина се сомневаа дека Алкараз ќе дојде воопшто до некое ново финале, но тој ги демантира критичарите и повторно се најде во завршницата од еден голем турнир.

Поенот на турнирот веројатно се случи во полуфиналето. Алкараз мислеше дека успеа да го надмудри Шпанецот во еден момент, но потоа следуваше неочекуваното.

Публиката по ова падна во транс едноставно, Алкараз остана во чудо, а Синер беше победник на овој нестварен поен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО