Швајцарија противник на САД во финалето на хокеарскиот Мундијал 2025

Репрезентацијата на Швајцарија ќе се бори за трофејот на Светското првенство во хокеј на мраз 2025.

Во второто полуфинале, Швајцарците вечерва во Стокхолм ја декласираа Данска со 7:0.

Стрелци на головите беа: Нино Нидерајтер (два), Кен Џегер, Денис Малгин, Сандро Шмид, Демиен Риат и Тајлер Мој.

Противник на Швајцарија во утрешното финале ќе биде селекцијата на САД.

Швајцарија втора година по ред стигна до финалето на првенството. Во 2024 година, Швајцарците загубија од Чешка во решавачкиот натпревар (1:2).

Данска исто така утре, ќе се соочи со Шведска во натпреварот за бронзениот медал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО